Воен термин - категорија

обезоружи повеќе

обезоружат
Вид збор: Глагол, свршен
Одземе оружје од некого, лиши некого од оружјето што го имал.
Англиски: disarm Албански: çarmatoj

обрач повеќе

мн. обрачи
Вид збор: Именка, машки род
опколување, опсада
Англиски: encirclement Албански: rrethim

оган повеќе

мн. огнови
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Пукање од огнено оружје.
Англиски: fire Албански: armë zjarri

одбој повеќе

мн. одбои
Вид збор: Именка, машки род
Сигнал за престанување на тревога, за повлекување и cл.
Англиски: withdrawal Албански: tërheqje

одбрана повеќе

(едн.) одбраната
Вид збор: Именка, женски род
Активност, дејство заради спречување и отстранување некаква опасност, напад и сл.
Англиски: defense Албански: mbrojtje

одбранбен повеќе

одбранбени
Вид збор: Придавка
Што се однесува на одбрана, што служи за одбрана.
Англиски: defensive

одвоен повеќе

одвоениот
Вид збор: Придавка
Што е разделен.
Англиски: separate

одред повеќе

мн. одреди
Вид збор: Именка, машки род
Воена единица или вооружена организирана група со борбена задача.
Англиски: detachment Албански: njësit, detashment

оклоп повеќе

мн. оклопи
Вид збор: Именка, машки род
Метална заштитна облога на воена бродови, тенкови, возови и сл.
Англиски: armour Албански: pancir, blind

оклопен повеќе

Види и: оклоп (м.)
оклопниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на оклоп, што има, што е заштитен со оклоп.
Англиски: armoured

оклопник повеќе

мн. оклопници
Вид збор: Именка, машки род
војник со оклоп

окоп повеќе

мн. окопи
Вид збор: Именка, машки род
Ископ во земјата во вид на долг ходник низ кој е овозможено движење на луѓе.
Англиски: trench Албански: hendek, trap, llogore

онбаша повеќе

мн. онбашии
Вид збор: Именка, машки род
Десетар во турската војска.
Англиски: corporal Турски: onbaşı

оперативен повеќе

оперативниот
Вид збор: Придавка
Што е определен за извршување воено дејствие, операција.
Англиски: operational Албански: operativ

операција повеќе

мн. операции
Вид збор: Именка, женски род
Целокупност од определени дејствија на големи воени формации заради постигнување определени стратегиски цели.
Англиски: operation Албански: operacion

оперира повеќе

оперираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изврши, врши воена операција.
Англиски: operate Албански: operacion ushtarak

опколи повеќе

опколат
Вид збор: Глагол, свршен
Образува круг, обрач околу непријателски единици, оневозможувајќи нивно движење или повлекување.
Англиски: encircle Албански: rrethekoj, rrethoj

опрема повеќе

мн. опреми
Вид збор: Именка, женски род
Оружје, муниција и се друго што е потребно за опремување на војник за борба.
Англиски: armor Албански: pajisje ushtarake

опсада повеќе

мн. опсади
Вид збор: Именка, женски род
Опколување со војска утврдено или населено место заради постигање воени цели.
Англиски: siege

опседне повеќе

опседнат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши опсада, опколи со војска утврдено или населено место.
Англиски: besiege Албански: rrethoj, qarkoj

опстрелува повеќе

опстрелуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Врши стрелба врз нешто, врз некоја цел.
Англиски: shell Албански: zjarr me armë

ордија повеќе

мн. ордии
Вид збор: Именка, женски род
Војска, обично турска.
Англиски: army Турски: ordu Албански: armatë turke

ордонанс повеќе

мн. ордонанси
Вид збор: Именка, машки род
Војник или офицер со понизок чин доделен за помош на командант или на штаб.
Англиски: ordnance

оружарница повеќе

мн. оружарници
Вид збор: Именка, женски род
Работилница за изработка на оружје, фабрика за оружје.
Англиски: weapon manufacture Албански: punëtori armësh

оружје повеќе

мн. оружја
Вид збор: Именка, среден род
Средство за одбрана или напад.
Англиски: weapon Албански: armë

осигурување повеќе

мн. осигурувања
Вид збор: Именка, среден род
Воен одред што се распоредува заради заштита на трупи, на транспортни средства и сл.
Англиски: security Албански: mbrojtje

осигурувач повеќе

мн. осигурувачи
Вид збор: Именка, машки род
Дел од оружјето што го закочува неговото дејcтвување.
Англиски: safety catch Албански: siguresë

отпоздрав повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Одговор на поздрав со поздрав.
Англиски: salute in return

офанзива повеќе

мн. офанзиви
Вид збор: Именка, женски род
Напад на поголеми воени единици заради постигнување стратегиски цели.
Англиски: offensive Албански: ofensivë, sulm

офанзивен повеќе

офанзивниот
Вид збор: Придавка
Што се однеcува на офанзива, што е во офанзива.
Англиски: offensive

офицер повеќе

мн. офицери
Вид збор: Именка, машки род
Старешина во војска; носител на кој било чин од потпоручник до генерал.
Англиски: officer

офицерка повеќе

мн. офицерки
Вид збор: Именка, женски род
Жена офицер; старешина во војска.
Англиски: officer Албански: oficere

офицерски повеќе

Види и: офицер (м.)
офицерскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со офицер или припаѓа на офицер.

офицерство повеќе

(едн.) офицерството
Вид збор: Именка, среден род
Занимање, служба на офицер.
Албански: oficeri
Сите офицери заедно.
Албански: oficeri
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш